• среда, 27 ноември 2024

Се заоструваат правилата за проверка на патниците на аеродромите во Турција

Се заоструваат правилата за проверка на патниците на аеродромите во Турција

Анкара, 5 јули 2024 (МИА) - Правилата за проверка на патниците на турските аеродроми се заоструваат. Турскиот Парламент доцна синоќа ги усвои измените на законот за цивилна авијација, со кои се заоструваат процедурите за проверка на патниците на аеродромите, пренесува турски информативен сајт.

Новите правила ќе бидат во согласност со Конвенцијата за меѓународно цивилно воздухопловство (Конвенција од Чикаго), која им овозможува на службениците за безбедност да ги претресуваат работите на патниците на влезот на терминалот и на влезот во зоната за бординг. Ова се однесува и на личниот багаж и на електронските уреди.

Доколку патникот одбие да ги достави своите работи на проверка, нема да биде дозволен влез во аеродромот или во зоната за поаѓање. Забранетите предмети ќе бидат одземени на лице место.

Главните аеродроми во Турција имаат два контролни пункта. Пунктовите се опремени со современа опрема и по потреба се вршат физички претреси. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан