• среда, 09 октомври 2024

Се гради скијачкиот центар во Михајлово

Се гради скијачкиот центар во Михајлово

Кавадарци, 8 октомври 2024 (МИА) - Се гради скијачкиот центар во Михајлово, зимската сезона кавадарчани ќе уживаат во зимските спортови, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Центарот опфаќа ски стаза, ски лифт и потребните елементи за сите возрасти. Целосната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија, што веќе при крајот на ноември се очекува да се монтира, доколку дозволуваат временските услови. Скијачкиот центар се очекува да биде во функција оваа зимска сезона, за сите љубители на зимските спортови во кои ќе уживаат сите генерации, појасни Јанчев. 

Тој додаде дека е ова уште еден голем проект и инвестиција што го продолжува и така брзиот развој на општината, ветен во предизборната програма, а од денес, како што рече, овој проект станува реалност.

- Теренските работи се донација од општествено одговорната фирма „ЈА МИ“ - Кавадарци. Инвестицијата за овој центар е донација од „Комерцијална банка“ и од „Кожувчанка“ ДОО, соопшти Јанчев. свд/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан