• четврток, 07 ноември 2024

Се гради пешачка патека меѓу приградските штипски населби Балканска и Чардаклија

Се гради пешачка патека меѓу приградските штипски населби Балканска и Чардаклија

Штип, 2 октомври 2024 (МИА) - Нова пешачка патека ќе ги поврзува приградските населби Балканска и Чардаклија во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека започнаа активностите за изградба на пешачката патека, а која ќе се работи во две фази. Во наредниот месец се очекува да завршат градежните активности, патеката д биде поплочена со павер елементи, но и ецелосно осветлена. За овој потег Општина Штип  издвои нешто помалку од два милиони денари.

-Потребата ја нотиравме од овдешните жители кои транзитираат на овој потег. Првата фаза предвидува поплочување со павер елементи, уредување на соодветна пешачка патека, а втората фаза и целосно осветлување. Овој потег е доста небезбеден, но и користен од жителите од овој дел од градот, вели Јорданов.

Тој најави дека ќе се работи и на локалниот пат од населба Баби до Караорман.

-Освен овој влез на градот од следната недела ќе се започне и со рехабилитација на патниот правец од населба Баби до населба Караорман, кој е доста амортизиран, оштетен. Исто така и овој потег ќе се уредува, ќе се асфалтира, ќе се уредува со тротоарска површина, нешто што граѓаните го заслужуваат, изјави Јорданов. вдј/сст/

Фото: МИА 

Остани поврзан