• среда, 27 ноември 2024

Се гради нова канализациска мрежа во кривопаланечкото село Мождивњак 

Се гради нова канализациска мрежа во кривопаланечкото село Мождивњак 
Крива Паланка, 4 ноември 2022 (МИА) - Отпочнаа градежните активности за изградба на нова линија канализациска мрежа во селото Мождивњак во Крива Паланка. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, изјави дека со оваа инвестиција вредна безмалку 2,2 милиони денари ќе се подобрат условите за живот на жителите од селото поради подобра функционалност на канализационата мрежа. - Инвестираме во линија со должина од 570 метри во вредност од 2.189.124 денари, за овој дел од општината зашто сите жители се значајни. Отпадните води од пречистителна станица 3 кај м.в. Чешмиче, Мождивњак се одведуваат до пречистителна станица 5, што ќе придонесе, според конфигурацијата на теренот, гравитациско собирање и одведување на водите. По должина на трасата ќе се постават и ревизиони шахти, посочи Митовски. Во ова село наскоро се очекува и да се реализира проектот за изградба на повеќенаменско спортско игралиште на месноста Дубје, кој е одобрен и ќе се имплементира со средства од Агенцијата за млади и спорт. ид/цр

Остани поврзан