• среда, 27 ноември 2024

Се гради нова водоводна линија на улицата „Белградска“ во Општина Центар

Се гради нова водоводна линија на улицата „Белградска“ во Општина Центар
Скопје, 7 јуни 2021 (МИА) – Градоначалниците на Град Скопје и на Центар Петре Шилегов и Саша Богдановиќ и директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Душко Вескоски денеска извршија увид во градежните активности за изградба на новата водоводна мрежа во должина од 1.000 метри на улицата „Белградска“ во Општина Центар. Како што соопштија градските власти, со изградбата на новата водоводна мрежа, што го опфаќа делот на улицата „Белградска“ од крстосницата со булеварот „Мајка Тереза“ до крстосницата со улицата „Димче Мирчев“, се обезбедува оформување на циркулационен прстен, односно поврзување на два големи цевковода. Оваа водоводна мрежа е со лиено дуктилни цевки со дијаметар од 200 милиметри и ќе овозможи подобрување на притисокот во водоводната линија за сите корисници во тој дел на Центар. На новата мрежа ќе се поврзат и дел од болниците во Клинички центар „Мајка Тереза“, како Универзитетска клиника за хематологија - Скопје и Институтот за трансфузиска медицина, а Универзитетската клиника за детски болести ќе добие сосема нов приклучок. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје за реализација на овој зафат издвои 14.500.000 денари.мд/лв/  

Остани поврзан