Се бара исчезнатиот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче од Тетово
- Семејството го пријави за исчезнат Ѓорѓи Дервишовски-Гоче, 62 годишник од Тетово и бара помош од граѓаните доколку го видат да се јават во полиција или кај неговиот брат.

Тетово, 12 август 2020 (МИА) - Семејството го пријави за исчезнат Ѓорѓи Дервишовски-Гоче, 62 годишник од Тетово и бара помош од граѓаните доколку го видат да се јават во полиција или кај неговиот брат.
-Ѓорѓи последен пат го видовме вчера, 11 август, околу 19 часот, кога заедно со сопругата бевме кај него во станот за да му однесеме вечера. Тој има нарушено здравје и можно е да изгубил ориентација затоа што се се случи кога немаше струја во Тетово, вели братот Ристо.
Доколку граѓаните го забележат Ѓорѓи може да се јават кај братот Ристо на 071-686-603 или на 192. Исчезнувањето е пријавено и во СВР Тетово, откако се поминати 24 часа откако последен пат е виден 62- годишникот.ас/мд/