• петок, 27 декември 2024

Се асфалтира улица во штипската населба Македонка 

Се асфалтира улица во штипската населба Македонка 
Штип, 6 јуни 2022 (МИА) - По неколку децении коцка, улицата во населба Македонка во Штип го доби првиот асфалтен слој. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска при увидот во градежните активности истакна дека дополнително ќе се бетонираат и краците, со што населбата ќе го добие ликот кој го заслужува. Парите се обезбедени од буџетот на општината. - Овде денеска ќе се постави асфалтниот слој на улицата на која претходно се вршеше промена на водоводната линија, со што се завршува еден дел од планираната инвестиција во оваа населба. Практично еден цел крак доби нова водоводна линија и нова асфалтна маса. Износот е нешто околу еден милион денари, а износот на водоводна инасталација е некде околу два милиони денари. Веднаш по завршување на оваа улица ќе се пристапи кон завршување на приклучоците на овие околни згради, практично краците на улицата ќе се бетонираат, вели Јорданов. Жителите кои живеат во овој дел од градот задоволни од направеното, велат улицата била повеќе од потребна. Јорданов во оваа прилика упати јавно извинување до жителите од населба Македонка, за подолгиот период во кој се извршувале инфраструктурни активности. Во населба Македонка се направи целокупна реконструкција, односно се реши проблемот со водоводната инсталација истовремено и се асфалтираше улицата.вдј/цр

Остани поврзан