• вторник, 26 ноември 2024

Сеул соопшти дека Пјонгјанг лансираше балистичка ракета кон Јапонско Море

Сеул соопшти дека Пјонгјанг лансираше балистичка ракета кон Јапонско Море

Сеул, 22 април 2024 (МИА) - Северна Кореја истрела недефинирана балистичка ракета, соопшти денеска јужнокорејската војска, пренесе ДПА.

Северна Кореја ја лансираше ракетата кон Источното Море, познато и како Јапонско Море, соопшти јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирана од Генералштабот во Сеул .

ДПА потсетува дека со резолуции на ОН на Северна Кореја и е забрането да лансира, па дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел. Тоа, во случајот на оваа земја, вобичаено се ракетите земја-земја, што можат да бидат опремени и со нуклеарна боева глава.

Во последните неколку месеци повторно дојде до зголемување на тензиите на Корејскиот полуостров, потсетува ДПА.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан