• вторник, 26 ноември 2024

Сеул го повика Пјонгјанг да ги зачува каналите за комуникација

Сеул го повика Пјонгјанг да ги зачува каналите за комуникација
Сеул, 9 јуни 2020 (МИА) - Јужна Кореја ја повика Северна Кореја да ги зачува постојните линии за комуникација меѓу двете земји, изјави денеска портпаролот на јужнокорејското Министерство за обединување. - Овие телефонски линии меѓу југот и северот се главниот инструмент за одржување комуникации, тие мора да бидат зачувани во согласност со постојните договори, нагласи јужнокорејскиот претставник. Тој исто така истакна дека Сеул во иднина сака да се придржува до сите меѓукорејски договори и да вложи напори да постигне мир и просперитет на целиот корејски полуостров. Северна Кореја претходно објави дека ќе ги прекине сите линии за комуникација со Јужна Кореја почнувајќи денеска од пладне по локално време, а како причина за таквата одлука наведе дека Јужна Кореја испраќа летоци на север. јт/  

Остани поврзан