• сабота, 23 ноември 2024

Сетиен „кова“ стратегија за „Ел Класико“ заедно со Гвардиола

Сетиен „кова“ стратегија за „Ел Класико“ заедно со Гвардиола
Барселона, 27 февруари 2020 (МИА) - Селекторот на Барселона, Кике Сетиен, го шпионираше Реал Мадрид за време на синоќешниот натпревар во Лигата на шампионите меѓу „белите“ и Манчестер Сити. Менторот на каталонскиот тим не помина незабележано на „Сантијаго Бернабеу“. Според „Què t'hi jugues!“ тренерот на Барса по дуелот заминал во хотелот на Пеп Гвардиола. Двајцата се во многу добри односи, а Сетиен сигурно побарал совет за претстојното „Ел Класико“. „Граѓаните“ успеаја да направат пресврт против „лос бланкос“ во средата вечерта. Во недела Барса гостува во Мадрид со предност од два бода во Ла Лига.

Остани поврзан