• недела, 21 јули 2024

Сетиен ја има довербата на раководството на клубот

Сетиен ја има довербата на раководството на клубот
Барселона, 2 август 2020 (МИА) - Претседателот на Барселона, Пеп Бартомеу не ја загубил вербата во Кике Сетиен, и покрај слабиот крај на сезоната на тимот во Ла Лига. - Ние во моментов не размислуваме за тренерска промена, изјави Бартомеу за локалниот весник „Дијарио спорт“. Сетиен го замени Ернесто Валверде на почетокот на годината, а во март пред крајот на сезоната поради пандемијата на коронавирус, Каталонците се најдоа на врвот на шампионскиот пласман. Низата слаби натпревари и незадоволителните резултати по продолжувањето на кампањата во јуни ја чинеа Барса губење на титулата и му дозволија на Реал Мадрид да триумфира за прв пат по три години. - Кога го ангажиравме, му рековме дека проектот е до крајот на оваа сезона и следната. Тешко е да се суди тренерот по само неколку месеци и среде пандемија. Како што кажа Артуро Видал тој и играчите немале доволно време да работат заедно и добро да се запознаат, рече Бартомеу. Претседателот на Барселона призна дека во зима имал разговори со поранешниот плејмејкер на тимот Чави Ернандез за замена на Валверде, но не е постигнат договор. - Чави еден ден ќе ја преземе Барселона, убеден е Бартомеу. Следниот меч за Барселона е следниот викенд, кога го пречекува Наполи во осминафиналето од ЛШ по 1:1 во првиот натпревар во Неапол.

Тагови

Остани поврзан