• среда, 25 декември 2024

Сетиен: Фудбалот е неправеден, веќе немаме право на грешки

Сетиен: Фудбалот е неправеден, веќе немаме право на грешки
Барселона, 28 јуни 2020 (МИА) - Тренерот на Барселона, Кике Сетиен беше лут синоќа по драматичното реми против Селта (2: 2). Каталонците ја пропуштија победата во последните минути, а Сетиен се кае за многу пропусти пред паузата. - Противникот презеде многу ризици во последните минути и стигна до гол што му донесе бод. Не требаше да дозволиме тоа да се случи затоа што игравме многу подобро од Селта во првото полувреме. Тогаш требаше да водиме убедливо. Да, фудбалот е неправеден. Неверојатно е како ударот со глава на Жерард Пике не се претвори во гол. Направивме многу добри работи на натпреварот, прокоментира Сетиен. Тој повтори дека нивната предност пред паузата мораше да се претвори во резултат, по кој ќе можат спокојно да го завршат натпреварот. - Понекогаш реализацијата е прашање на среќа. Точно е дека пред 11 натпревари водевме со два бода пред Реал Мадрид и сега тие можат да ја имаат истата предност. Речиси немаме право да грешиме. Мора да ги победиме сите наши натпревари до крајот и да сметаме дека Реал ќе изгуби некаде, призна тренерот на Барса.

Тагови

Остани поврзан