• сабота, 23 ноември 2024

Сетиен: Меси и јас се разбираме, а тимот игра добро

Сетиен: Меси и јас се разбираме, а тимот игра добро
Барселона, 4 јули 2020 (МИА) - Тренерот на Барселона, Кике Сетиен изјави дека не е загрижен за ништо по неодамнешните слаби игри. „Лос Кулес“ веќе се 4 бода зад Реал Мадрид, а има тензија меѓу играчите и тренерскиот штаб. Според информациите, Лионел Меси и останатите отворено не му се спротиставуваат на Сетиен, што најверојатно ќе доведе до негово ослободување. - Меси и јас се разбираме добро. Сè друго е шпекулација. И двајцата зборуваме за тоа што е потребно. Постои хиерархија во секој клуб и во секоја соблекувална и тоа никогаш не ми пречи. Напротив - никогаш не се обидувам да ги наметнувам моите идеи, само се обидувам да ги убедам играчите во нив. Знам дека има многу врева околу мене во моментот, но ова не ми е прв пат. Сите сме тренери во циркусот. Ова е нормално, особено кога не победуваме. Јас ниту една минута не размислувам што ќе се случи со мене лично, вели тој. Тренерот одби да ги коментира гласините дека Меси може да го напушти „Камп Ноу“. - Лично, не сум слушнал ништо од него на оваа тема. Немам што да кажам, ова не е моја работа, рече Сетиен. Во недела, Барса гостува во Виљареал, а проблем за тимот е лошата форма на Антоан Гризман. - Антоан е добар, тој е одличен професионалец. Разменивме неколку збора. Гризман е позитивна личност и знам дека тоа нема да влијае врз него. Убеден сум дека повторно ќе видиме дека ќе се дава 100%. Инаку, сега се соочуваме со една од најдобрите екипи по рестартирањето. Вистината е дека овој натпревар доаѓа во време кога играме добро. Одигравме и силно против Атлетико Мадрид. Во моментов, сепак, заостануваме зад Реал Мадрид, но сепак имаме шанса. Ќе се бориме до последно, заврши Сетиен.

Остани поврзан