Серија А со конкретен план за продолжување на сезоната
- Серија А изработи план за продолжување на сезоната, прекината поради коронавирусот, објавија италијанските медиуми.
Рим, 25 мај 2020 (МИА) - Серија А изработи план за продолжување на сезоната, прекината поради коронавирусот, објавија италијанските медиуми.
Според „Ла Газета дело Спорт“ идејата е да се одржат одложените натпревари од 25. коло на 13 јуни, за сите екипи да имаат 26 натпревари во првенството.
После тоа, на 20 јуни ќе започне 27-та рунда во Серија А. Овој предлог ќе биде дискутиран во четврток на средба со италијанскиот министер за спорт Винченцо Спадафора.
Така, на 13 јуни може да се одржат следните дуели: Интер - Сампдорија, Аталанта - Сасуоло, Торино - Парма и Верона - Каљари. зс/