• четврток, 04 декември 2025

Серафимов: Никогаш никого не сме потцениле

Серафимов: Никогаш никого не сме потцениле

Скопје, 2.септември 2025 (МИА) – Националниот фудбалски тим ги одработува подготовките за натпреварите кои ги очекуваат во следните денови. Прво е пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија, кој може да биде и „загревање“ за домашниот натпревар со Лихтенштајн од квалификациите за СП 2026. Победа на тој натпревар и трите бода ќе бидат од голема важност пред гостинските натпревари со Белгија во октомври и со Велс во ноември.

Играчот од одбраната, Никола Серафимов, кој од оваа сезона е член на Левски од Софија смета дека треба да се фокусираме на мечот во Прага, а потоа со Лихтенштајн. 

-        Првиот натпревар против Саудиска Арабија мислам дека ќе биде одлична можност да видиме во каква форма сме. Кога доаѓаме за настап во репрезентацијата сите доаѓаме со посебен мотив и желба, го даваме и последниот атом од силата. Мора да се фокусираме на мечот во Прага, а потоа со Лихтенштајн. Фаворити сме на хартија, но тоа во денешниот фудбал не важи. Кога однапред ќе ги запишете трите бодови тоа никогаш не е добро. Треба да влеземе како и на сите останати мечеви, ние како група и овој стручен штаб никогаш не сме потцениле никого, така ќе биде и овој пат. Трите бодови ни се и повеќе од неопходни, изјави Серафимов. 

Пријателскиот натпревар нашата репрезентација го игра в четврток од 17 часот во Прага.   мн/

Фото: ФФМ

Остани поврзан