• понеделник, 23 декември 2024

Сениорите пингпонгари беа на ЕП, младинските категории ќе одат на Балканијада

Сениорите пингпонгари беа на ЕП, младинските категории ќе одат на Балканијада
Скопје, 23 јуни 2021 (МИА) - Македонската сениорска репрезентација, во состав Кристијан Станојковски и Билјана Младенова, предводени од селекторот Сашко Богатинов, достојно ја претставија нашата држава на Европското првенство во пинг-понг во поединечна конкуренција во Варшава, Полска. - Познавајќи го квалитетот на европските професионалци, нашите претставници покажаа борбеност, мотивираност во секој поен, со освојување на некој сет. И во вакви тешки моменти на пандемија, кога доста селекции го откажаа учеството на ЕП, сепак ППФМ одлучи да бидеме дел од европското пингпонгарско семејство, промовирајќи ја својата држава, соопшти ППФМ Кадетите и јуниорите ќе учествуваат на Балканското првенство во пинг-понг во Албена, Бугарија каде што ќе се одржат натпреварувања во екипна и поединечна конкуренција. - Вкупно десет натпреварувачи четири кадети и шест јуниори ќе ја претставуваат Македонија на ова натпреварување. Нашите репрезентативци на ова натпреварување ќе бидат предводени од тренерите Зоран Јованоски и Гоце Тошески, стои во информацијата на федераацијата. зс/

Остани поврзан