• недела, 26 јануари 2025

Сенатот го потврди назначувањето на Кристи Ноем за секретар за внатрешна безбедност во администрацијата на Трамп

Сенатот го потврди назначувањето на Кристи Ноем за секретар за внатрешна безбедност во администрацијата на Трамп

Вашингтон, 25 јануари 2025 (МИА) - Сенатот на САД го потврди назначувањето на Кристи Ноем за секретар за внатрешна безбедност во администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Ноем, која беше гувернер на Јужна Дакота, ги дели ставовите на Трамп во врска со политиката кон мигрантите, а во текот на сослушувањето за потврдување претходно месецов ја нарече илегалната миграција „инвазија“.

За потврда на нејзиното назначување гласаа 59 сенатори, а 34 беа „против“ во Сенатот, каде мнозинството имаат републиканците. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан