• понеделник, 03 февруари 2025

Сенатот в понеделник ќе се изјасни за номинацијата на судијката Берет

Сенатот в понеделник ќе се изјасни за номинацијата на судијката Берет
Вашингтон, 21 октомври 2020 (МИА) - Американскиот Сенат в понеделник, 26 октомври, осум дена пред претседателските избори, ќе се изјасни за кандидатурата на Ејми Кони Берет, која беше предложена за судија на Врховниот суд од претседателот Доналд Трамп, изјави претседавачот на Горниот дом на Конгресот, Мич Меконел. - Ќе гласаме следниот понеделник за потврдување на судијката Берет, рече републиканскиот сенатор Меконел на прес-конференција. Тој додаде дека тоа ќе биде големо достигнување во напорите за именување мажи и жени во федералните судови „кои сметаат дека нивната функција како судии подразбира почитување на законот“, објави „Хил“. Конзервативната судијка Барет (48) беше номинирана на 26 септември од страна на претседателот Доналд Трамп за наследничка на либералната феминистичка икона, судијката Рут Бадер Гинцберг, која почина осум дена порано. паг/    

Остани поврзан