Семејството Лисичанец редовно носи храна за птиците мршојадци на Витачево
- Семејството Лисичанец редовно носи храна за птиците мршојадци на висорамнината Витачево. Брачниот пар Светлана и Емануел денеска за МИА потврдија дека и оваа зима, како впрочем и сите други г

Кавадарци, 26 јануари 2021 (МИА) - Семејството Лисичанец редовно носи храна за птиците мршојадци на висорамнината Витачево. Брачниот пар Светлана и Емануел денеска за МИА потврдија дека и оваа зима, како впрочем и сите други годишни времиња, континуирано оставаат кланичен отпад на хранилиштето кое опстојува веќе подолго време.
Тие ја продолжуваат традицијата која ја почна таткото и свекор, пензионираниот професор Томе Лисичанец, во рамки на Здружението за заштита на природата, „Аквила” од Кавадарци.
-Со години работиме на подигнување на еколошката свест за зачувување на животната средина. Преку проекти и кампањи укажуваме да не се трујат животни и птици, бидејќи тие се значајна алка во синџирот на исхраната во природата. Хранилиштето на Витачево е постојано посетено од птиците мршојадци, но и од други грабливки, животни и птици, рекоа Лисичанец.
Тие нагласија дека само со грижа и посветеност, ќе успееме да ја одржиме рамнотежата во природата и да ги зачуваме ретките видови птици и животни, од кои некои се на светската црвена листа на исчезнување.свд/бт/
