• понеделник, 16 декември 2024

Семејствата на заложниците во Газа бараат од Израел договор за нивно ослободување

Семејствата на заложниците во Газа бараат од Израел договор за нивно ослободување

Тел Авив, 14 ноември 2023 (МИА) – Семејствата на заложниците кои Хамас ги држи во Појасот Газа по нападот на Израел на 7 октомври денеска побараа израелската Влада „вечерва да постигне договор“ за нивно ослободување.

- Знаеме дека вечерва може да се донесе одлука, се вели во соопштението на Форумот на семејствата на заложниците и исчезнати лица, додавајќи дека од израелската влада било побарано „да не го блокира договорот“.

Семејствата на заложниците кои Хамас ги киднапираше во нападите од Газа во јужен Израел на 7 октомври денеска тргнаа од Тел Авив на петдневен протестен марш кон Ерусалим, барајќи итен договор за нивно ослободување.

Набрзина формиран по нападите и киднапирањата на 7 октомври, форумот се почесто организира протести за да изврши притисок врз владата и да го задржи вниманието на медиумите. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан