• четврток, 15 мај 2025

Селтик по 55. пат шампион во Шкотска

Селтик по 55. пат шампион во Шкотска

 

Данди, 26 април 2025 (МИА) – Шампионската трка во шкотското фудбалско првенство денеска официјално заврши, откако Селтик извојува гостинска победа од 5-0 над Данди јунјатед и стекна недостижна предност пред второпласираниот Глазгов.

Селтик има 84 бодови, 18 повеќе и натпревар повеќе од второпласираниот Глазгов Ренџерс.

За Селтик ова е 55 шампионска титула во историјата, а четврта во серија.

На денешниот дуел во составот на Данди јунајтед во завршните 30 минути се најдоа македонските репрезентативци Давид Бабунски и Кристијан Трапановски. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан