Села: Тажно утро за сите, ја споделуваме болката со семејствата на жртвите
- Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села изрази сочувство до семејствата на настраданите во пожарот во дискотека во Кочани.

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села изрази сочувство до семејствата на настраданите во пожарот во дискотека во Кочани.
-Тажно утро за сите. Длабоко тажни од синоќешната трагедија во Кочани, ја споделуваме болката со семејствата на жртвите. Господ нека биде со нив, напиша претседател на АА, Зиадин Села на неговиот фејсбук профил. вг/
Фото: МИА Архива/принтскрин