• недела, 22 декември 2024

Села: Изборната соработка со ВМРО-ДПМНЕ природна меѓу опозициски партии

Села: Изборната соработка со ВМРО-ДПМНЕ природна меѓу опозициски партии
Скопје, 15 септември 2021 (МИА) - Ова е природна соработка меѓу опозициски партии. Вакво темппо се импонира од власта, истакна вечерва претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села коментирајќи ја изборната соработка со ВМРО-ДПМНЕ. - Пред четири месеци дадов изјава повикувајќи го јавно ДУИ, оставајте ги коалициите било со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ, дајте да се соочиме во првиот круг заедно секаде, албанската опозиција со партиите кои се на власт од албанските партии и да ја затвориме оваа тема кој со кого соработува. Тие на оваа наша понуда одговорија со коалиција која ја имаат со власта и сега ние нема само да аплаудираме и да ги гледаме нив како коалицираат. Со тоа, сакам да кажам, дека такво темпо импонира ДУИ и ние само возвративме со ист начин. Не гледам ништо лошо да има соработка за локални избори, меѓусебна поддршка во одредени општини, а ние немаме коалиција, бидејќи коалиција со Алтернатива, со кои листите за советници ни се заеднички, рече Села во гостување во ТВ24. Оваа соработка, рече тој, ќе трае додека сме во опозиција и имаме заеднички цели како опозиција, а една од тие цели е да падне оваа мнозинство и да се направи ново мнозинство како опозиција. Истакна дека овој договор е само за локална власт. - Јас не можам да претпоставувам што може да се случи во иднина, но нема да дозволам некој да се седне и да се чувствува комотен во позициите дека Села никогаш не прави коалиции со ВМРО-ДПМНЕ и се однесува како што сакаат во таа комотна позиција. Тоа нема да се случи, бидејќи ако тоа се случи јас имам одговорност и тогаш немам право да се свикам на политичка одговорност и кога се случуваат вакви немили настани како во Тетово. Имаме договор да завладее ред и дисиплина по општините, да се прекине со корупцијата по општините, да пуштиме ревизија во секоја општина и да се гледа секој како има работено и да одговара, рече Села. Села посочи дека ќе ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник во Охрид, Битола, Ресен, Крушево и во Градот Скопје, додека ќе добијат поддршка за општините Струга, Тетово, Гостивар, претежно општините од западниот дел од државата. На прашањето зошто не се кандидираше за Струга, Села рече дека нема страв од пораз, бидејќи, како што истакна, без разлика кој е кандидат и во Струга и секаде, се гласа и за претседател на партија.фф/лв/

Остани поврзан