• вторник, 31 март 2026

Села: Владата прави девијација на КоридорОТ 8, а како изговор го користи УНЕСКО

Села: Владата прави девијација на КоридорОТ 8, а како изговор го користи УНЕСКО

Скопје, 30 март 2026 (МИА) - Пратеникот Зијадин Села денеска на прес-конференција обвини дека Владата се подготвува да направи девијација на КоридорОТ 8 и да го напушти предвидениот правец, при што како причина се наведува заштитата на подрачјето под УНЕСКО.

- Владата се подготвува да направи девијација на Коридорот 8 наместо да се реализира проектот кој е многу значаен за економијата на Северна Македонија, геополитички и геостратешки за НАТО, каде што ние припаѓаме и сме полноправна членка, кој го поврзува Црното со Јадранското Море. За жал, тоа што го најавив го слушнавме и од премиерот дека Коридорот нема да се гради поради проблеми што наводно се појавиле во врска со УНЕСКО - истакна Села.

Според него, најавите од Владата дека делницата од Требеништа кон Ќафасан нема да се гради поради заштитениот статус на регионот не се реална пречка, туку, како што рече, само продолжување на политиките од времето на Никола Груевски.

Тој потсети дека првото отстапување од трасата на Коридорот 8 се случило уште во 2014 година со проектот за автопатот Кичево - Охрид кога делницата Требеништа - Охрид била исклучена од оригиналната концепција.

Според него, аргументот дека трасата мора да се измени поради барањата на УНЕСКО не е поткрепен бидејќи оддалеченоста на планираниот автопат Требеништа - Ќафасан од Охридското Езеро е најмалку еден километар, а трасата што се гради кон Охрид, надвор од Коридорот 8, во делови се приближува на десетици метри до езерото.

Села посочи и на, како што рече, многуте дивоградби, платформите и угостителските објекти на крајбрежјето, кои, според него, претставуваат вистинска закана за статусот под УНЕСКО.

Тој ја повика меѓународната заедница да интервенира оценувајќи дека одлуките за Коридорот 8 се во спротивност со геостратешките интереси на НАТО.бк/са/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан