• недела, 22 декември 2024

Секторска консултација за реформа на јавната администрација

Секторска консултација за реформа на јавната администрација
Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) - Секторска консултација на тема „Ефектите од работата на Секторската работна група за реформа на јавната администрација и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите“ ќе се одржи денеска во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“. На секторската консултација, која ќе биде организирана онлајн на веб платформата ZOOM, свој осврт околу работата на Секторската работна група за реформа на јавната администрација ќе дадат  програмската координаторка во Фондација Отворено Општество – Македонија, Нада Наумовска, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, програмската координаторка Фондација Отворено Општество – Македонија,   Марија Мирчевска и извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска. Оваа секторска консултација е дел на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“, кој го координира и имплементира Фондацијата Отворено општество - Македонија, со партнерите Реактор – Истражување во акција, Евротинк – Центар за европски стратегии и Центар за граѓански комуникации. дма/са/

Остани поврзан