• вторник, 24 декември 2024

Секојдневни намирници благотворни за бели заби

Секојдневни намирници благотворни за бели заби

Скопје, 25 јули 2023 (МИА) - За белење на забите на природен начин, познавачите посочуваат храна којашто се користи дома. Следат неколку секојдневни намирници благотворни за поблескава насмевка.

За јаболката се знае, но и јагодите често се препорачуваат за здрави, бели заби. И тие содржат јаболкова киселина, што помага во избелувањето. Јаболковата киселина е „природен агенс за белење“, којшто исто така, го зголемува и лачењето плунка во случај на сува уста.

Сепак, не треба да се претерува со јагоди, оти тие со тек на времето и го трошат и нагризуваат забот. Ако пак, не сакате јагоди, и лубеницата содржи јаболкова киселина.

Ананасот е уште едно овошје коешто може да помогне за „бела насмевка“. Овој тропски плод содржи бромелаин, којшто може да ги разбие дамките на површината на забите. Како ензим тој ги поттикнува протеините во плунката) кои делуваат како заштитен штит за вашите заби, но исто така, тој може да апсорбира пигменти од храна.

Треба да се напомене и дека свежиот ананас има најголема содржина на бромелаин.

За сировиот целер експертите наведуваат дека тоа е природен абразив што може да ги отстрани површинските дамки додека го џвакате. Целерот е одличен извор на влакна, витамин Ц, А и слично, а текстурата на овој зеленчук може да помогне да се исчистат честичките и бактериите од забите.

Иако сода бикарбоната обично не е нешто по кое би посегнале по оброк, оваа состојка е еден од најстарите лекови за бела насмевка, ја има и во пастите за заби. Сепак, и овде лекарите советуваат внимателност при користење сода бикарбона, бидејќи и тука прекумерната употреба може да биде штетна за забите.

Морковите, исто така, спаѓаат во „природни нагризувачи“, што значи дека може да помогнат во отстранувањето површински дамки на забите. Грицкањето тврди и свежи моркови ги масира непцата и ги отстранува плакот и бактериите од забите, а преку обезбедување високи количини витамин А, помага и во зајакнување на забната глеѓ.  си/ми/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан