• понеделник, 23 декември 2024

Седум кандидати за нов претседател на Меѓународниот олимписки комитет

Седум кандидати за нов претседател на Меѓународниот олимписки комитет


Париз, 16 септември 2024 (МИА) – Седум кандидати, меѓу кои и поранешниот британски атлетичар и олимписки шампион Себастијан Коу, како и Французинот Дејвид Лапартиен, поднесоа кандидатури да го наследат Германецот Томас Бах на чело на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), почнувајќи од март 2025 година. соопшти денеска ИОК.
Бах, кој е на чело на ИОК од 2013 година, најави по Олимписките игри во Париз дека има намера да се повлече од должноста.
Коу е шеф на Светската атлетика и беше организатор на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Тој е двократен олимписки шампион на 1.500 метри, повеќегодишен светски рекордер на 800 метри и има долга кариера како менаџер.
Лапартиен, од своја страна, е претседател на Меѓународната велосипедска унија и прв човек на францускиот олимписки Комитет.
Преостанатите кандидати кои официјално се пријавија се јорданскиот принц Фајсал ал-Хусеин, поранешната шампионка на Зимбабве во пливање Кирсти Ковентри, британско-шведскиот спортист Јохан Елијаш, претседателот на Меѓународната скијачка федерација Хуан Антонио Самаранч јуниор, како и претседателот на Меѓународната гимнастичарска федерација Моринаре Ватанабе.
Кандидатите ќе ја претстават својата програма пред сите членки на МОК преку видео врска за време на состанокот во Лозана во јануари идната година. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан