• петок, 05 декември 2025

Седум департмани во Франција во портокалов степен на тревога поради невремето Бенжамен

Седум департмани во Франција во портокалов степен на тревога поради невремето Бенжамен

Париз, 22 октомври 2025 (МИА) – Седум француски крајбрежни департмани на атлантскиот брег и во областа Ла Манш денеска се ставени под портокалов степен на тревога поради силни ветрови и опасност од поплави поради невремето Бенжамен, соопшти Метео-Франс.

Тревогата поради ветер е издадена за департманите Манш, Вандеја, Шарант-Маритим, Жиронда, Ланд и Атлантски Пиринеи, додека предупредување за високи бранови е издадено за департманите Сена-Маритим, Жиронда, Ланд и Атлантски Пиринеи, пренесува БФМ.

Невремето Бенжамен влезе во Франција синоќа преку Ла Манш, носејќи силен ветер и бранови долж атлантскиот брег. јт/

Фото: Метео-Франс

Остани поврзан