• сабота, 23 ноември 2024

Седуммина обвинети во Виетнам за смртта на 39 мигранти во Англија

Седуммина обвинети во Виетнам за смртта на 39 мигранти во Англија
Ханој, 21 февруари 2020 (МИА) - Полицијата во Виетнам обвини седум лица во врска со смртта на 39 виетнамски мигранти чии тела беа пронајдени во камион ладилник со приколка во близина на Лондон минатиот октомври. Државната новинска агенција соопшти дека осомничените биле обвинети за организирање и посредување во нелегална емиграција. Истрагата откри дека обвинетите им помогнале на 67 лица илегално да отпатуваат во европските земји во обид да обезбедат подобра егзистенција. Виетнамската полиција, исто така, ја повика Владата да побара помош од Интерпол за издавање меѓународна потерница за еден од осомничените кој живее во Кина. За случајот се обвинети и неколку лица од Велика Британија, осомничени за убиство или помагање при илегална имиграција. Телата на 39 лица беа пронајдени на 23 октомври минатата година во англискиот град Грејс, источно од Лондон. Полицијата соопшти дека жртвите биле од Виетнам, на возраст меѓу 15 и 44 години. ссм/

Остани поврзан