• петок, 30 јануари 2026

Седумдесет и две годишна жена од Штип измамена од лажен лекар

Седумдесет и две годишна жена од Штип измамена од лажен лекар

Штип, 29 јануари 2026 (МИА) – Втора измама годинава од лажен лекар на територијата на Општина Штип. Од Секторот за внатрешни работи-Штип денеска информираат дека жртва на измамата е 72 годишна жена од Штип. 

-На  28.01.2026  во 13:53 часот во СВР Штип 72-годишна жена од Штип пријави дека од едно лице била измамена за 2.600 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници. Затоа требало итно да се оперира, а за операцијата требало да се плати, додека нејзиниот зет давал крв, се вели во соопштението од СВР-Штип. 

Во него се посочува дека  72 годишната штипјанка парите ги оставила на договореното место, но потоа сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. вдј/

Фото: МИА

Остани поврзан