• понеделник, 22 јули 2024

Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт

Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт

Скопје, 27 февруари 2024 (МИА) - Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за образование, наука и спорт.

Членовите на Комисијата ќе дискутираат по Предлог на законот за борба со допингот во спортот и негово спречување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската академија за науките и уметностите, двата по скратена постапка, како и за Предлог на законот за основање на Медицински факултет во состав на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, во прво читање.фф/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан