• среда, 27 ноември 2024

Седница на иранскиот Парламент поради убиството на Фахризаде

Седница на иранскиот Парламент поради убиството на Фахризаде
Техеран, 29 ноември 2020 (МИА) - Иранскиот Парламент денеска одржа седница зад затворени врати поради убиството на научникот Мохсен Фахризаде. По седницата пратеникот Мохамед Накир Галибаф изјави дека „непријателите на Иран мора да зажалат за ликвидацијата на Фахризаде“. - Нашите непријатели криминалци ќе заќжалат бидејќи ќе се соочатсо силна реакција, истакна Галибаф. Иранскиот конзервативен весник „Кајхан“ денеска објави дека Иран треба да го нападне израелскиот град Хаифа доколку се утврди дека Израел е виновен за убиството на Фахризаде. Иранскиот аналитичар Садолех Зареиј изјави дека нападот врз Хаифа би предизвикал голем број жртви и би предизвикал загриженост бидејќи ниту Израел ниту САД се подготвени за војна. Иран за убиството на идејниот творец на тајната нуклеарна програма за вооружување го обвини Израел. Фахризаде беше убиен во петокот во близина на Техеран. ми/

Остани поврзан