• сабота, 23 ноември 2024

Севернокорејски дисиденти продолжуваат со својата кампања на испраќање летоци

Севернокорејски дисиденти продолжуваат со својата кампања на испраќање летоци
Сеул, 20 јуни 2020 (МИА) - Група Севернокорејци кои пребегнале во Јужна Кореја соопштија дека следната недела ќе продолжат со планот да фрлаат летоци против Пјонгјанг долж границата, и покрај тензиите на Корејскиот Полуостров. Парк Санг-хак, водачот на групата Борци за слободна Северна Кореја, објави дека ги завршиле подготовките за испраќање милион летоци во Северна Кореја. - Се подготвуваме да испратиме летоци околу 25 јуни, во зависност од ветрот. Можеме дури и навечер, ако временските услови се поволни, рече тој. Во меѓувреме, Јужна Кореја најави дека ќе ги санкционира ваквите обиди на групите активисти поради зголемувањето на граничните тензии. Севернокорејските медиуми објавија дека Пјонгјанг подготвува свои летоци против Сеул. јт/

Остани поврзан