Северна Македонија стана полноправна членка на Унијата за Медитеранот
- Во рамки на Регионалниот форум на Унијата за Медитеранот, што денеска се одржува во Барселона, министрите за надворешни работи на 42 земји – членки едногласно ја донесоа одлуката за полноправ
Како што соопшти МНР, при своето обраќање на свечениот чин на пристапувањето, министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази благодарност за препознавањето на вистинскиот интерес на Северна Македонија да се приклучи на Унијата за Медитеранот, како и за дадената доверба.
-Нашето учество во Унијата за Медитеранот како платформа за регионална соработка и дијалог ќе ни овозможи како земја со отпочнати преговори за членство во ЕУ, поблиско вмрежување и интеграција на Северна Македонија во европските структури што го покриваат медитеранскиот басен и соодветна интеракција со земјите од Европската Унија и петнаесетина земји од Јужниот и Источниот Медитеран, рече Османи.
Османи, меѓу другото, истакна дека Северна Македонија, со својата традиција на меѓуетнички дијалог, кохезија и мирно решавање на билатерални спорови, придонесува за стабилноста на Југоисточна Европа преку промовирање на европските вредности, добрососедски односи, регионална соработка и културата на дијалог. Додаде дека со денешното приклучување во работата на организацијата, Северна Македонија ќе се обиде да придонесе за промовирање на растот, вработувањето, регионалната кохезија и социоекономската интеграција, додавајќи вредност на севкупните односи во Евро-медитеранскиот регион, стои во соопштението. вг/са/
https://www.youtube.com/watch?v=2dzQuYmpfIg https://www.youtube.com/watch?v=1_QfvbDzYqI