Северна Кореја уништи споменик што го симболизираше обединувањето со Јужна Кореја
- Северна Кореја, по наредба на својот лидер Ким Џонг-Ун, уништи споменик во главниот град што ја симболизира целта за помирување со Јужна Кореја.
Пјонгјанг, 23 јануари 2024 (МИА) - Северна Кореја, по наредба на својот лидер Ким Џонг-Ун, уништи споменик во главниот град што ја симболизира целта за помирување со Јужна Кореја.
Сателитските снимки на Пјонгјанг денеска покажуваат дека споменикот, лакот што ја симболизира надежта за обединување на Кореја, повеќе не постои, пренесува НК Њуз, портал кој ја следи Северна Кореја.
Споменикот висок триесет метри е изграден по меѓукорејската средба одржана во 2000 година.
Тензиите меѓу двете Кореи се зголемија по засилените воени маневри на Јужна Кореја и САД, откако Северна Кореја тестираше оружје и објави дека се подготвува за „нуклеарна војна“ со своите непријатели.
Северна Кореја, од друга страна, вети дека ќе ја „избрише“ Јужна Кореја доколку ја нападне заедно со американските сили.
На крајот на минатата година, Пјонгјанг го прогласи за неважечки клучниот договор потпишан со Сеул во 2018 година, чија цел беше деескалација на тензиите. паг/
Фото: МИА архива