• вторник, 24 декември 2024

Северна Кореја пријави околу 270.000 нови случаи на треска

Северна Кореја пријави околу 270.000 нови случаи на треска
Пјонгјанг, 17 мај 2022 (МИА) – Северна Кореја пријави уште 269.510 случаи со симптоми на треска и шест смртни случаи во време кога земјата се соочува со ширење на епидемија до недијагностициран Ковид-19. Според севернокорејскиот штаб за борба против вирусот починале 56 луѓе, а повеќе од 1,48 милиони луѓе се разболеле од треска од крајот на април. Се претпоставува дека поголемиот дел од тие случаи се Ковид-19. Во Северна Кореја најмалку 663.910 луѓе се во карантин, а државните медиуми не наведуваат колку од случаите со треска се потврдени дека се Ковид-19. Најверојатно на Северна Кореја и недостасува опрема за тестирање за да ги потврди инфекциите со коронавирус, а нејзиниот одговор на вирусот е главно изолација на луѓе со симптоми. Неуспехот да се забави ширењето на вирусот може да има тешки последици за Северна Кореја, со оглед на нејзиниот слаб здравствен систем и верувањето дека нејзините 26 милиони луѓе не се вакцинирани. Земјата, исто така, се соочува со неисхранетост и сиромаштија. ми/

Остани поврзан