• понеделник, 23 декември 2024

Северна Кореја информира за првиот случај со коронавирус

Северна Кореја информира за првиот случај со коронавирус
Пјонгјанг, 12 мај 2022 (МИА) - Северна Кореја официјално информираше за прв случај на коронавирус, објавија денеска државни медиуми, јави ДПА. Тестирањето на жители на Пјонгјанг покажа инфекција со варијантата омикрон. Точен број на лица чиј тест е позитивен на коронавирус, не е соопштен. Владејачката Работничка партија одлучи да го префрли нивото на вонредна состојба на пандемијата, на неговото „максимално“ ниво „и строго да ја контролира и командува севкупната работа за превенција на епидемијата во земјата“, пишуваат медиумите. Досега, земјата не достави податоци за ниту една коронавирусна инфекција до Светската здравствена организација во Женева. На состанок на централниот комитет на Работничката партија, лидерот Ким Џонг Ун притисна официјални лица да ја совладаат, како што тој ја нарече, „неочекуваната криза“. бд/сд/
 

Остани поврзан