• сабота, 23 ноември 2024

Северна Кореја: Израел изврши воено злосторство во Газа под покровителство на САД

Северна Кореја: Израел изврши воено злосторство во Газа под покровителство на САД

Пјонгјанг, 26 октомври 2023 (МИА) - Северна Кореја го обвини Израел дека бомбардирал болница во Појасот Газа на 17 октомври, соопштувајќи дека со тоа отворено извршил воено злосторство „под отворено покровителство на САД“, јавија британските медиуми.

Во изјавата пренесена од корејската државна агенција КЦНА, портпаролот на Министерството за надворешни работи во Пјонгјанг, исто така, ги обвини САД дека „на Израел му дале зелено светло да ги убива Палестинците без никаква грижа“, со тоа што го снабдуваат со оружје и воена поддршка, вклучувајќи и распоредување на носачи на авиони на Блискиот Исток.

-Ова покажува дека САД се соучесник кој го помагал и го поттикнал геноцидот извршен од Израел, рече портпаролот.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи не се наведени докази за овие тврдења, забележуваат британските медиуми. сд/

Остани поврзан