• среда, 25 декември 2024

Северен тек 2 бара дозвола за преостанатата делница во Германија

Северен тек 2 бара дозвола за преостанатата делница во Германија

„Северен тек 2“ го гради конзорциумот предводен од руски „Газпром“, а негови членови се и  францускиот „Енџи“, австрискиот „ОМВ“, британскиот „Шел“ и германските „Унипер“ и „Винтершал“.
Според „Северен тек 2“, преостанатиот дел од гасоводот се наоѓа во германската економска зона и е долг 16,5 километри.
Активистите за заштита на животната средина во Германија предупредија дека трасата на гасоводот поминува во близина на резерват за птици.
Портпарол на „Северен тек 2“, чија изградба е при крај и покрај санкциите од САД, рече дека тие побарале дозвола уште во декември и дека очекуваат приговори од активисти за заштита на животната средина.
Како што пренесуваат странските агенции, планираниот гасовод не е спорен само од еколошки причини - американски официјални лица велат дека неговата изградба ќе ја направи Европа премногу зависна од рускиот дотур на гас. Полска има сличен став, додека Украина е загрижена и за загубата на надомест за транзиција на рускиот гас. паг/

Остани поврзан