• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ со теренски активности во Радовиш, Гевгелија и Долнени

СДСМ со теренски активности во Радовиш, Гевгелија и Долнени

Скопје, 22 јуни 2023 (МИА) - Теренските активности на СДСМ насловени „Рамо до рамо, до победа“, продолжија денеска со средби со граѓани во Радовиш, Гевгелија и Долнени.

Од СДСМ информираа дека во Радовиш бил членот на Централниот одбор Благој Бочварски, кој се осврнал на инвестициите во инфрастуктурата.

- Го сменивме ликот на истокот, од заборавен и запоставен регион, создадовме регион со најдобро сообраќајно поврзување. Речиси и да нема патен правец во овој дел од државата, кој не сме го рехабилитирале. Само во 2022 година пуштивме во употреба два нови експресни патни правци Штип-Радовиш и Штип-Кочани. Тука се и изградениот автопат Скопје-Штип, модерната делница од експресниот пат Штип-Крупиште, обиколницата на Кочани, рехабилитираните патишта низ Делчево, низ Берово, рекол Бочварски, додавајќи дека во Радовиш е обновен патот кон планината Плачковица и дека се рехабилитира регионалниот пат до Воиславци.

За земјоделските политики во Гевгелија говореле Гоце Георгиевски и Дарио Николовски, кои нагласиле дека вложувањата во овој сектор имаат за цел да создаат модерно и конкурентно земјоделско производство, мотивирани земјоделци и многу повеќе домашна храна и производи за извоз.

- Со новата ИПАРД 3 програма, имаме на располагање неповратни 97 милиони евра од ЕУ, што е зголемување од над 60 проценти. Со новиот систем на субвенции, земјоделците имаат авансна исплата, за да ги имаат парите тогаш кога им се најпотребни, посочил Герогиевски.

Во Долнени биле Борис Тунџев и Боро Еркечов, кои се осврнале на грижтаа на СДСМ за граѓаните и за унапредување на нивниот стандард. бак/

Фото: СДСМ

Остани поврзан