• среда, 25 декември 2024

СДСМ: Со Мој ДДВ за три месеци кај граѓаните вратени осум милиони евра

СДСМ: Со Мој ДДВ за три месеци кај граѓаните вратени осум милиони евра

Скопје, 24 мај 2022 СДСМ преку институциите што ги предводи реализира мерки кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.Само преку МојДДВ за првото тромесечје од оваа година кај граѓаните се вратени 491,5 милиони денари, или речиси 8 милиони евра.Оваа успешна мерка веќе три години ги остварува своите цели и тоа унапредување на даночната дисциплина, сузбивање на сивата економија и враќање пари кај граѓаните, што е особено добредојдено во ова време на светска економска криза.Во време на светска економска криза СДСМ презема низа мерки кои обезбедуваат повисоки плати и пензии и помали трошоци за граѓаните.Минималната плата е зголемена на 18.000 денари, а од септември следува рекордно зголемување на пензиите согласно новата методологија.Со 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра се намалуваат месечните трошоци на семејствата.Ребалансот на буџетот ќе обезбеди дополнителни средства за ублажување на последиците од кризата за компаниите и за граѓаните.СДСМ како одговорна партија продолжува со вистинска грижа за сите категории граѓани.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан