СДСМ: Сите солидарно против пожарите, само ВМРО-ДПМНЕ неосновано критикуваат
- Системот функционира. Сите надлежни институции, на централно и локално ниво се активни за справување со пожарите, граѓаните се солидарни, медиумите одговорно информираат, соседите, сојузницит

Скопје, 3 август 2021
Системот функционира. Сите надлежни институции, на централно и локално ниво се активни за справување со пожарите, граѓаните се солидарни, медиумите одговорно информираат, соседите, сојузниците нудат помош.
Само и само ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, шири невистини, напразно и неосновано критикува.
Тоа е загубената ВМРО-ДПМНЕ која нема идеја како да делува, нема што да им понуди на граѓаните.
Системот функционира, ситуацијата е под контрола. Пожарите не се политичка тема.
Надлежните институции будно ја следат состојбата и делуваат.
Државата е тука за граѓаните, нивната безбедност и сигурност е на прво место!
Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
__________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки