• вторник, 24 декември 2024

СДСМ се сомнева дека назначувањето на в.д. директорот на Зоолошката градина е согласно законите

СДСМ се сомнева дека назначувањето на в.д. директорот на Зоолошката градина е согласно законите
Скопје, 5 август 2022 Дури три недели по скандалот со закланите животни во Зоолошката градина во Скопје, градоначалничката Данела Арсовска назначи нов директор.Но, според информациите објавени во дел од медиумите, постои отворен сомнеж дали новиот в.д. директор на Зоолошка, Драган Илиевски е назначен согласно законите.Прво, затоа што за оваа позиција не бил распишан јавен оглас.Второ, затоа што според написите во медиумите, Илиевски не доаѓал од редовите на вработените.На овој начин се прекршува членот 50 од Законот за јавни установи и членот 34 од Законот за култура.Ако се случило такво назначување, тоа е спротивно и на членот 30 од Статутот на Зоолошката градина каде што јасно се наведува дека вршител на должност директор се избира од редот на вработените.Данела Арсовска и градската администрација мора да одговорат, дали Илиевски е назначен согласно законите и Статутот на Градината?Истовремено, од она што е јавно приложено како биографија на Илиевски се гледа дека тој нема никаква поврзаност, ниту пак искуство со слична дејност, па оттаму, прашуваме по кои критериуми е избран токму тој за директор?Јавноста мора да добие одговори на овие прашања имајќи предвид дека Зоолошката градина покрај рекреативна има и едукативна улога особено за нашите најмлади. Никола Белимов, член на Градска организација на СДСМ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан