• среда, 24 јули 2024

СДСМ: Патот Ранковце - Крива Паланка е 90% готов, ќе беше 100% да не блокираше ВМРО-ДПМНЕ во Собрание

СДСМ: Патот Ранковце - Крива Паланка е 90% готов, ќе беше 100% да не блокираше ВМРО-ДПМНЕ во Собрание

Скопје, 23 јули 2024

Смешна е промоцијата на Александар Николоски на патот Крива Паланка - Ранковце за кој најавува дека ќе бил готов до Нова година. Овој пат е одамна 90% готов и единствена причина зошто не е завршен е блокадата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Николоски и другарите решија за свои политички потреби до пред неколку месеци да го блокираат грантот во Собрание со кој требаше да се заврши делницата. Целта е јасна, да не се заврши делница, а граѓаните да треба да чекаат за ВМРО-ДПМНЕ да може да тера кампања. 

ВМРО-ДПМНЕ секој ден оди и промовира проекти на СДСМ прикажувајќи ги како свои а граѓаните се потсмеваат на социјалните мрежи. И препорачуваме да се фатат за работа наместо да фрлаат лопати на чешми и да промовираат проекти на СДСМ.

СДСМ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

 


 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан