• понеделник, 30 декември 2024

СДСМ на средби со граѓани во Крива Паланка, Зелениково, Кратово, Студеничани и Старо Нагоричане  

СДСМ на средби со граѓани во Крива Паланка, Зелениково, Кратово, Студеничани и Старо Нагоричане   

Скопје, 11 април 2023 (МИА) - Во рамки на карванот „Рамо до рамо, до победа", претставници на СДСМ денеска беа на средби со граѓани во Крива Паланка, Зелениково, Кратово, Студеничани и Старо Нагоричане.

Како што информира СДСМ, потпретседателот на партијата Стефан Богоев бил на средби во Крива Паланка и разговарал за досега спроведените мерки, инфраструктурните проекти и антикризните мерки, како и за работата на локалната самоуправа предводена од СДСМ.

 - Со државничките политики на СДСМ започнавме преговори со ЕУ, со заштитен идентитет, а со економските политики успешно одговориме на кризата, рече Богоев, кој на средбата ја пофалил и работата на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митровски.

Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов, пак, бил во Старо Нагоричане и, зборувајќи за обновливата енергија, истакнал дека во Североисточниот регион се реализира стратешка енергетска инвестиција - ветерната електрана „Вирови“.

 - Ваквите инвестиции освен што ќе ја зголемат енергетска независност, важни се и за општините, затоа што обезбедуваат и нови вработувања и повеќе средства во буџетот на општината, која е одлично раководена од нашата другарка Жаклина Јовановска, посочил Костадинов.

Меѓу граѓаните во Петровец биле членот на Извршниот одбор на СДСМ Костадин Ацевски и Рената Младеновска, а во Кратово - членовите на Извршниот одбор на СДСМ Милена Стефановиќ и Филип Николовски.  Претседателот на Социјалдемократската младина (СДММ) Марко Михаилоски заедно со Даниела Рендевска бил во Струденичани каде што зборувал за проектот „Гаранција за млади“. хс/бак/ 

Фото: СДСМ - Центар за комуникации со јавноста



 

Остани поврзан