• вторник, 17 декември 2024

СДСМ на средби со граѓаните: Добро е што опозицијата не е против уставните измени

СДСМ на средби со граѓаните: Добро е што опозицијата не е против уставните измени

Скопје, 7 јуни 2023 (МИА) - СДСМ денеска, во рамки на теренските активности „Рамо до рамо до победа“, реализира средби со граѓани на Сопиште, Пласница, Охрид, Куманово, Кичево, Дебарца и Чешиново – Облешево.

Уште еднаш беше испратена пораката дека членството во ЕУ е заедничка одговорност на сите политички чинители. Одлуката за ЕУ, според СДСМ, треба да е заедничка и добро е што опозицијата не е против уставните измени.

Потпретседателката на партијата Бисера Костадиновска Стојчевска која беше во Куманово, се осврна и на денешната лидерска средба.

- Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не се против уставните измени. СДСМ покажа државнички капацитет и рековме денеска, обединета Влада за европска интеграција. Ова е премногу важен процес за нашата иднина и потребна е вклученост од сите политички субјекти. Членството во ЕУ е врвен национален интерес и тоа не е процес на една партија или на еден поединец и токму затоа потребно е да изградиме национално единство, да ги заокружиме процесите и преговорите за членство во ЕУ да ги завршиме во следните неколку години, истакна Костадиновска Стојчевска.

Според неа, граѓаните заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ и затоа треба да се избере интеграција наместо изолација.

Во општина Кичево беа Магдалена Грашковска и Дарио Николовски кои пред присутните истакнаа дека СДСМ преку навремени и ефикасни мерки и проекти успешно се справи со сите кризи и дека сега за разлика од неколку години претходно во државата се случува енергетска трансформација со кој државата ја зајакнува својата енергетска независност.

Меѓу граѓаните на Охрид беа Вангелија Велева и Пеце Мирчевски каде порачаа дека со изградбата на Коридорот 8 овој регион од државата ќе биде уште подобро поврзан и со останатите градови во државата но и со соседна Албанија и пристаништето во Драч и сето тоа ќе донесе дополнителни можности за забрзан економски развој.

Во Сопиште, Дебрца и Пласница пртиските претставници потсетија дека СДСМ промени на добро многу состојби во државата, обезбедивме рекордно покачување на пензиите. Средби со граѓаните имаа Љупчо Николовски и Богданка Кузеска, Маја Манолева и Ана Данева Маркова, како и Никица Бачовски и Мухамет Точи.

-Не само што го предводи европскиот пат на земјата, СДСМ промени на добро многу состојби во државата. Економските политики на Владата предводена од СДСМ резултираа со зголемување на минималната плата на 20.175 денари, на просечната плата од над 34 000 денари и рекордно зголемување на пензиите кое со покачувањето кое следува ќе изнесува 25 отсто за сите 330.000 пензионери. СДСМ ја зголеми просечната пензија за 60 отсто а минималната пензија за 47 отсто. Создадовме поволна и сигурна бизнис клима која донесе рекордни странски инвестиции од 760 милиони евра, истакна Николовски пред граѓаните на Сопиште.

Потрпаролката на СДСМ Богданка Кузеска рече дека членството во ЕУ е врвен приоритет на СДСМ и реализација на стратешка цел за државата за подобар живот на граѓаните. -СДСМ покажа државнички капацитет и денеска повторно излезе со предлог за обединување и обезбедување на европскиот пат на земјата. Добро е што има дијалог и што опозицијата не е против уставните измени, нагласи Кузеска. Според неа, државата е исправена пред историска шанса за продолжување на европскиот пат, сега треба таа шанса да се искористи, евроинтеграцијата бара одговорност од сите политички партии и сите патеници, добро е што ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени.

Бачовски во Дебарца потсети дека за само два месеца се иплатени над 60 милиони евра субвенции за 78 000 земјоделци. -Оваа година имавме најдобра производствена сезона за тутунарите и рекордни откупни цени. Целокупното производство од реколтата 2022 беше откупено два месеца порано пред истекот на законскиот рок. Постигната е рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44 отсто во споредба со реколтата од 2021 година. 26 милиони евра субвенции беа исплатени кон над 15 700 тутунари, истакна Бачовски.

Рамо до рамо со граѓаните на Пласница денеска беа Маја Манолева и Ана Данева Маркова, а Чешиново Облешево го посетија генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски и Митко Трајчулески, претседател на партиската комисија за транспорт и врски.

-СДСМ денеска повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека интересот на земјата за нас е на прво место. Затоа и предложивме обединување околу европскиот концепт, ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи во обединета Влада за европска интеграција на паритетна основа. Одлуката за ЕУ треба да е заедничка, затоа и повикуваме на обединување околу стратешкиот правец на земјата, за обезбедување европска иднина и исполнување на уште една стратешка цел, членство во ЕУ. Добро е што се направи чекор во однос на дијалог со опозицијата и тоа што гледаме дека има промени во нивниот став, не се против уставните измени само споменуваат некакви услови. Дијалогот треба да продолжи и на крајот сите заедно да изградиме заеднички став, земјата да го продолжи патот кон полноправно членство на ЕУ. Изборот пред секој политички субјект е интеграција во ЕУ или изолација. Нема веќе изговори, време е за одговорност од сите чинители за иднината на земјата, рече Зечевиќ и додаде дека не смееме да се блокира европската иднина на следните генерации.

Трајчулески, зборуваше за инвестициите на СДСМ во модерна патна мрежа, како еден од основните услови за развој. мч/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан