• вторник, 17 декември 2024

СДСМ: Мицкоски се што прави е за спас на неговата фотелја

СДСМ: Мицкоски се што прави е за спас на неговата фотелја
Скопје, 14 јуни 2022 Христијан Мицкоски не може ниту својата коалиција да ја додржи, а не пак нешто повеќе. Причините за распадот на коалицијата на Мицкоски ги наведоа токму негови поранешни коалициони партнери кои јавно излегоа и обвинија за рекет и закани кон бизнисмени. За овие сериозни наводи и индиции за рекет и закани кон бизнисмени треба да се произнесе Јавното обвинителство. Едно е факт. Мицкоски е во коалиција со криминалот на Никола Груевски. „Талир 2“ „Тврдина - Таргет“ „Тенк“ „Плацови на Водно“ како и последниот случај со „Криминални парцели“ кој е во истражна постапка се уште потврда за тоа. Се што прави Мицкоски, прави за спас на неговата фотелја во ВМРО-ДПМНЕ и ништо повеќе. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ——————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан