• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ: Мицкоски доживува дебакли на секој протест

СДСМ: Мицкоски доживува дебакли на секој протест
Скопје, 26 ноември 2020 соопштение - реакција на обраќање на  Христијан Мицкоски Издиша хистеријата на антиевропското ДПМНЕ, граѓаните му покажаа на Мицкоски дека сакаат иднина Целосно издиша хистеријата заснована на лаги и невистини што ја ширеше антиевропското ДПМНЕ. Едвај 200 членови го поддржаа губитникот Мицкоски. Граѓаните покажаа дека сакаат иднина, сакаат развој и напредок, сакаат членство во НАТО и ЕУ. Не му помогна ниту поддршката од неговата вазалска партија Левица, a јавноста вечерва сведочеше на контрадикторно однесување, на навреди и клевети, на повици за насилство. Граѓаните добро го знаат игнорантскиот, срамниот однос на ДПМНЕ кон НОБ, АСНОМ и македонските партизани. ДПМНЕ е партијата која целата своја идеологија ја изгради на погазување на НОБ, на борците, партизаните, на бришење и менување на имиња на улици, булевари и установи именувани по македонски партизани, партија која за време на режимот, ги исфрли на улица живите борци и ги остави без простории, партија која создаде Музеј на жртвите на комунизмот. Само во Скопје, беа избиршани и преименувани, улицата Стив Наумов, „Мост на револуцијата“, „29 ноември“ и многу други, па дури и пораката на Тито за солидарност од Железничката станица. Ете тоа е ДПМНЕ. Мицкоски и неговите приврзаници можат да блокираат колку сакаат, граѓаните знаат  што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата. Затоа јавноста не го поддржува и Мицкоски доживува дебакли на секој протест, затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција. Со почит, Центар за комуникации СДСМ  _______________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан