• вторник, 26 ноември 2024

СДСМ: Мицкоски да побара градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ да не трошат милиони евра за партиски вработувања

СДСМ: Мицкоски да побара градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ да не трошат милиони евра за партиски вработувања
7 април 2022 Реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски Мицкоски да побара градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ да не трошат милиони евра за партиски вработувања Антикризните мерки на Владата предводна од СДСМ, вредни 400 милиони евра, им помагаат на граѓаните и компаниите во време на најголема енергетска и економска криза. Од друга страна градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ трошат милиони евра на партиски вработувања и непродуктивни трошоци. Аздисуваат со народните пари буквално. Мицкоски треба да ги повика неговите градоначалници да се откажат од расипништво а парите да ги пренаменат за проекти и помош на граѓаните. Но наместо тоа, Мицкоски се заканува со нови блокади, сонува да ја закочи работата на институциите во време на најголема економска и енергетска криза. Бадијала сонува. Мицкоски никако да научи дека неговите опструкции и блокади нема да успеат. СДСМ Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан