• сабота, 21 декември 2024

СДСМ: И викендов силно на терен, заедно со граѓаните ја креираме најдобрата понуда за секоја општина

СДСМ: И викендов силно на терен, заедно со граѓаните ја креираме најдобрата понуда за секоја општина
Скопје, 25 јули 2021
Викендов функционерите на СДСМ продолжија со активности на терен, беа заедно со граѓаните во секоја општина во секое населено место.
Заменик претседателката Сања Лукаревска беше меѓу граѓаните на општина Дојран каде ги претстави досегашните успеси и ги слушна потребите на граѓаните.
Потпретседателот Венко Филипче попладнево беше меѓу граѓаните на Шуто Оризари, а потпретседателот Фатмир Битиќи вчера беше меѓу граѓаните на Велес.
Секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ вчера беше во Кисела Вода, а денеска се сретна со жители на Арачиново.
Пратеници, членови на извршниот и централниот одбор, претседатели на комисии викендов учествуваа во активноста врата до врата, одржаа маалски средби и средби со целни групи за да го слушнат гласот на граѓаните.
СДСМ постојано е на терен меѓу граѓаните каде го презентира сработеното и заедно со нив ја креира најдобрата понуда секоја општина.
Граѓаните го препознаваат отворениот искрен однос, и затоа СДСМ води на сите анкети затоа што граѓаните знаат дека само со СДСМ е можен напредокот на општините и државата.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
_________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан